link to homepage logo

03.11.2021

Спуштен плафон C2-1 со Нониус држач

Во оваа статија ви презентираме како да монтирате спуштен плафон на две нивоа Technogips Pro C2-1 со Нониус држач.

Потребни производи и алати:

  • Нониус држач, горен дел
  • Премиум профил CD 60  
  • Нониус држач, долен дел
  • Нониус сигурносна спојница
  • CD спојка за едно ниво
  • Метро 
  • Ласерски нивелир
  • Креда или маркер 
  • Ножици за лим
  • Шрафилица

Тука се чекорите кои ги следевме:

Потребно е однапред да се определи висината на завршниот дел од спуштениот плафон и да се монтираат периферните UD профили. Погледнете повеќе за тие чекори во оваа блог статија.

Продолжуваме со монтажа на Нониус држачите, горниот дел со носивиот плафон со две соодветни завртки, во зависност од видот на носивиот плафон.

При масивен плафон од армирано-бетонска конструкција, препорачуваме користење само и единствено сидрест клин 6х40/60. При монтажа на обесената конструкција на спуштените плафони не се дозволува користење на ротациони типли или друг вид на елементи со пластична типла, поради тоа што тие видови на завртки не се отпорни на оган во случај на пожар.

Растојанието помеѓу Нониус држачите, горните делови треба да биде соодветно со тежината на идната опшивка од гипс-картонски плочи. Носивата способност на комбинацијата на Нониус држач горен дел, долен дел и сигурносната спојница е 0.4 kN или 40 kg/m2. Повеќе информации за размерувањето и изборот на соодветни држачи може да најдете на стр. 80 од Техничкиот каталог Technogips Pro.

Продолжуваме со размерувањето на основните премиум профили CD 60. Вкупната должина на профилот треба да биде со 10 mm помала од должината на просторијата, за да има можност од линиско ширење на профилот и последователно да се избегнат пукнатини на фугите меѓу гипс-картонските плочи.

Монтажата на премиум профилите CD 60 кон Нониус држачите следува после прецизно нивелирање спрема веќе однапред определеното ниво на спуштениот плафон и фиксирање на двата дела на Нониус држачот со сигурносната спојница.

Потоа преминуваме кон монтажа на монтажните профили во напречна насока во однос на основните CD профили. Крстестата врска помеѓу двата профила се обезбедува со користење на крстеста CD спојка или сидреста винкла за CD профили.

Растојанието помеѓу монтажните профили треба да е на 500 mm.

Со овој чекор е завршена монтажата на конструкцијата за спуштен плафон Technogips Pro C2-1 со Нониус држачи.