06.10.2021
Опшивка на спуштен плафон C1-1
Во оваа видео ви презентираме како се монтира еднослојна опшивка на спуштен плафон на едно ниво Technogips Pro C1-1.
Производи и алати кои се потребни:
- Стандардна плоча Тип А 12.5 mm
- Брз шраф TN 3.5x25
- Метро
- Ласерски нивелир
- Креда или маркер
- Шрафилица
Тука се чекорите кои ги следевме:
Монтажата на плочите започнува од средината на плафонот, кога ободните ѕидови се криви. Во случај кога ободните ѕидови се прави, тогаш монтажата започнува од едниот агол и продолжува кон центарот.
За полесна и побрза монтажа на плочите, се исцртуваат оските на профилите преку самата плоча. Во нашиот случај, оските на Премиум профилите CD60 се монтирани на растојание од 500 mm за напречна монтажа на плочите и соодветно се одбележани позициите на сите профили преку плочата, како би се знаела точната позиција на профилот.
Следниот чекот е фиксирање на стандардната плоча тип А 12.5 mm кон конструкцијата на спуштениот плафон. Тоа се врши со помош на брз шраф TN 3.5x25, каде максималното растојанието помеѓу шрафовите треба да е на 200 mm. При монтажата на крајните плочи кон периферните профили треба да се предвиди фуга од 2 mm, која би ги прифатила температурните ширења на објектот.