link to homepage logo

04.08.2021

Кои се различните видови на специјални шрафови за сува градба?

Во оваа видео ви презентираме кои се различните видови на специјални шрафови за сува градба.

Titan шрафот 

Titan шраф претставува шраф со остар врв и специјална резба, која е проектирана за фиксирање на гипс-картонски плочи со висока густина (Titan Board DFH1IR, Sound Comfort Extra DF, итн.) на метални профили со дебелина до 0.7 mm. Обратната резба под главата на шрафот осигурува беспрекорно шрафење и цврста врска помеѓу профилот и плочата. Остриот крај гарантира лесно навлегување во металниот профил, овозможувајќи мазен и завршен вид на ѕидот.

Titan шраф се нуди во две големини:

  • Titan шраф 3.9 x 25 mm – За еден слој на опшивка од гипс-картонска плоча со стандардна дебелина од 12.5 mm и метален профил до to 0.7 mm.
  • Titan шраф 3.9 x 35 mm – За вториот слој на опшивката од гипс-плочи со стандардна дебелина од 12.5 mm и метален профил до 0.7 mm.

Cement Board 

Cement Board шраф е шраф со остар врв и двојна резба, отпорен на корозија, за фиксирање на цементни плочи кон метални профили со дебелина на металот до 0.7 mm.

Cement Board шраф се нуди во две големини:

  • Cement Board шраф TN 3.9 x 25 mm – За еден слој на опшивка од цементна плоча со стандардна дебелина од 12.5 mm и метален профил до 0.7 mm.
  • Cement Board шраф TN 3.9 x 35 mm – За вториот слој на опшивката од цементни плочи со стандардна дебелина од 12.5 mm и метален профил до 0.7 mm.

Plasterboard Screw

Plasterboard Screw TN 5.5x38 mm е шраф со остар врв, отпорен на корозија, за фиксирање на гипс-картонски плочи и други предмети кон гипс-картонските плочи за поставување на декоративни елементи или обезбедување на електричните конзолни кутии.

Plasterboard Screw шраф за гипс-картон се нуди во една големина:

  • Plasterboard Screw TN 5.5x38 mm

 

Шрафовите се фиксираат со шрафилица, која мора да се држи нормално на површината на ѕидот, така што аголот помеѓу шрафот и плочата мора да е 90°. Главата на шрафот мора да навлезе 1 mm под површината на плочата, додека слободниот крај од шрафот треба да навлезе најмалку 10 mm во празниот дел од профилот.