link to homepage logo

01.09.2020

HOW TO: Поправка на мали дупки во гипс-картонски ѕид, правилното системско решение за канцелариски простор и прикачување на слики на гипс-картонски ѕид

Денес ви нудиме повеќе информации на следните теми: како да се изврши поправка на мали дупки во гипс-картонски ѕид, кое е правилното системско решение за канцелариски простор и кое е најдоброто решение за прикачување на слики на гипс-картонски ѕид.

Прашање 1: Би сакале да го поделиме нашиот отворен канцелариски простор во индивидуални простории за работа со гипс-картонски ѕидови. Кое е најсоодветното системско решение и дали треба да се земат во предвид одредени специфики при нивната изработка?

Одговор: Ефикасната изолацијата од ударен шум и пожарна заштита се најзначајните фактори кога се определува кој тип на гипс-картонски ѕидови треба да биде применет во канцеларискиот простор. Со Technogips Pro W1-2  преградниот ѕид и Sound Comfort Extra DF плочите можете да обезбедите звучна изолација дури до 56dB и пожарна заштита до 120 мин. и тоа со дебелина на ѕидот од само 10 см.  Оваа решение ги надминува со 30% бараните стандарди за преградни ѕидови кај канцелариски простории и коридори. Колку за споредба, нормална вербална комуникација кај луѓето создава бучава од 30-35 dB. Technogips Pro ви стои на располагање за бесплатна техничка консултација.

Прашање 2: Би сакал да закачам слика на преграден гипс-картонски ѕид, но сликата е прилично тешка. Какви држачи би требало да користам?

Одговор: Во зависност од тежината на сликата, можете да ги користите следниве држачи, кои може да ги најдете во сите железари:

  1. За тежина до 5 kg – држач на една типла
  2. За тежина до 10 kg – држач на две типли
  3. За тежина до 15 kg – држач на три типли

Прашање 3: Имам дупка во ширина од 5 см во гипс-картонски ѕид. Како можам да ја фиксирам?

Одговор 3: Би ви биле потребни самолеплива лента која би служела како основа за армирање, како и гипсена фуга за пополнување на површината. 

Ви благодариме на сите вас кои одвоивте време да ни пишете. Со нетрпение ги очекуваме вашите нови прашања на нашите канали на социјалните мрежи на @technogipspro!

Назад кон сите статии