10.04.2019
Зошто да избереме сува градба?
Топ 8 факти кои ќе ја променат вашата перцепција за сува градба:
- Брзо и лесно за монтажа: Времето на изработка е за 3 до 4 пати пократко од конвенционалните ѕидарски методи. Тоа е можно поради отсуството на влажните процеси и преостанатата влага, кои значително влијаат во целиот процес. Со користењето на сувата градба се овозможува целосно реновирање на вашиот простор во домот и тоа за само неколку дена.
- Идеално рамни и мазни ѕидови: Гипс-картонските плочи создаваат идеално рамни и мазни површини, готови за декорација и тоа за само неколку часа изработка. Ќе бидете пријатно изненадени кога сите лајсни и мебел перфектно ќе одговараат со ѕидовите од самиот почеток, без дополнителен напор.
- Слобода во дизајнот: Преградните ѕидови изработени од гипс-картонски плочи и метална конструкција се од 8 до 10 пати полесни од ѕидовите од цигли за иста дебелина. Тоа овозможува засебна функционална поделба на просториите, во зависност од спецификите на барањата, без да има потреба од значителна промена на проектот. Лесните преградни ѕидови и спуштени плафони, според методите со кои се користат, се екстремно прилагодливи на различни облици и форми.
- Лесно за санација и одржување: За разлика од конвенционалната градба, ѕидовите изработени од гипс-картонски плочи можат лесно да бидат демонтирани или поправени без да има потреба од целосно рушење.
- Заштита од пожар: Комбинацијата на гипс-картонски плочи, метални профили и камена волна обезбедуваат висок степен на заштита од пожар кои издржуваат и високи температури. Technogips Pro нуди специјално дизајнирани и сертифицирани решенија за целосно да се обезбеди пожарна заштита кај ѕидови и плафони дури и до 180 минути.
- Акустичен комфор: Гипсените плочи во комбинација со камена волна, ефективно ја апсорбира несаканата бучава помеѓу две простории. Technogips Pro исто така нуди нови специјално развиени гипс плочи за подобрување на заштитата од директни звучни удари и во исто време и да штити од високи температури. Sound Comfort Extra DF е направена од високо густо гипсено јадро кое ефективно го апсорбира звукот и специјални адитиви кои овозможуваат пожарна заштита.
- Термичка заштита: Камената волна која се поставува во празнината на металната конструкција на преградните ѕидови и спуштените плафони претставува одличен изолатор. Помага да се превенира загуба на топлина од внатрешните простории кон надвор.
- Одржлива конструкција: Сите типови на плочи се изработени од гипс и рециклирана хартија. Рекциклираните материјали овозможуваат да се намали емисија на јаглерод во производствениот процес и да го намали дополнителното производството на суровини.