link to homepage logo

01.03.2022

HOW-TO: Основни правила при работа со суви гипсени смеси преку зима

На почетокот на месец март одговараме на две најчесто поставувани прашања на тема работа со суви гипсени смеси преку зимските месеци во годината. Почитувањето на следните препораки во текот на периодите на студено и влажно време ќе ги надмине проблемите при користењето на сувите гипсени смеси. 

Колку степени треба да е минималната температура при работа со суви гипсени смеси? 

Оптималната температура во внатрешни простории, во кои се аплицираат суви гипсени смеси е + 5 ° С и + 25 ° С, кое многу ретко се постигнува во текот на студените месеци од годината. За да се гарантира високиот квалитет, потребно е во просториите да се обезбеди средна дневна температура од над + 8 ° C, поради тоа што под + 5 ° C, хемиските процеси се забавуваат и кое води до нерамномерно сушење, висок ризик од замрзнување и компромитирање на квалитетот на готовата површина.

Кои се последователните третмани кон веќе обработените површини? 

За да се гарантира рамномерност при сушењето, обработените површини треба да бидат заштитени од директни сончеви зраци, ветар или мрзнење. Доколку постои можност основната површина да замрзне, пред да биде целосно исушена, најдобро е да се одложи операцијата, каде во спротивно можна е појава на површини со пукнатини, намалена цврстина или одлепување од основата после сушењето. 

 

Назад кон сите статии